
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се соочи со наводната нова девојка на нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер, Силва, пред училиштето на нивните деца. Според германски „Билд“, Ана и Силва се појавија пред престижното меѓународно училиште на Мајорка, кое го посетуваат деца од бројни познати семејства, за да ги земат своите деца.
Како што покажуваат ексклузивните фотографии објавени на порталот „Билд“, и двете се криеја зад темни очила, но нивните облеки беа сосема спротивни. Додека Ана остана верна на себе, во спортска облека, Силва се појави во тесен краток фустан, припиен до телото, кој ги истакнуваше нејзините облини.
Ana Ivanović i Švajnijeva švalerka oči u oči! pic.twitter.com/zLwaifrpC2
— sportsscandals (@sportsscandals1) June 11, 2025
Ана и Бастијан важеа за еден од најхармоничните спортски парови, сè додека веста за нивниот развод не ја шокираше јавноста.
Неодамна Швајнштајгер беше фотографиран на Мајорка во друштво на жена за која се вели дека е негова нова партнерка.
Силва е Бугарка, мајка на две деца и поранешна инфлуенсерка позната по промовирање на фитнес програми за жени кои штотуку се породиле.
Бастијан го поминува секој момент со неа, се запознале на Мајорка. Нејзините деца одат во истото училиште како и децата на Бастијан и Ана Ивановиќ. Таму поранешниот фудбалер ја запознал Силва. Во еден момент се зближиле, а неколку месеци подоцна, Бастијан и Ана раскинале, рекол близок извор во интервју за „Билд“.