Страшни гласини пристигнуваат од Мароко, земјата која ќе биде еден од организаторите на Светското првенство во 2030 година. Имено, во петте марокански градови во кои ќе се играат натпреварите на Светското првенство има голем број на кучиња скитници, а властите планираат да го решат овој „проблем“ на грозоморен начин.
Активистите за правата на животните предупредуваат за плановите на тамошните власти и тврдат дека Мароканците имаат намера да убијат три милиони кучиња (главно скитници) кои живеат на улица. Тие додаваат дека не станува збор за евтаназија, туку за буквално истребување со најлошите методи. Згора на тоа, активистите тврдат дека Мароканците наводно веќе некое време труеле кучиња со храна!