
Веселин Вујовиќ кој е предводник на катарската репрезтација, која денеска загуби од Македонија на СП во ракомет, спортски и џентлменски и ја честиташе победата на Македонија и воедно посака да имаме добро соочување со „триколорите“.
-Честитки до македонската репрезентација и мојот колега Лазаров. Тие беа подобри од нас. Ова натпреварување е премногу напорно за мојата стара репрезентација, примивме околу 80 гола на два натпревари, тоа е премногу за ова ниво на натпреварување. Се обидовме со најразлични начини, нападот, ја променивме одбраната, но не успеавме. Овој меч е готов, и посакувам среќа на Македонија во мечот со Франција, Ние ќе се обидеме да одиграме квалитетно со Унгарија.