
Освојувачот на ракометниот Куп на Македонија РК Вардар вчера ги почна подготовките за новата сезона. Под водство на новиот тренер „црвено-црните“ ја имаа и прозивката, а првите денови минууваат стандардно со медицински прегледи и со работа во теретана.

Тренерот Иван Чупиќ на расолагање ќе има ростер од 22 играчи.
Веќе од следната недела ќе се тренира двапати дневно, секако до заминувањето на висински подготовки.
Во текот на следниот месец планирани се и пријателски натпревари и учество на турнири.
Првиот официјален натпревар „црвено-црните“ ќе го играат на 3.септември во рамки на Супер купот против првакот Еурофарм Пелистер, а локацијата дополнително ќе биде одредена.