Skip to main content

Ракометарите на Охрид денеска играат реванш од четвртфиналето на Европскиот Куп со Олимпијакос

Ракометарите на Охрид денес ќе го одиграат реваншот од четвртфиналето на Европскиот Куп со Олимпијакос.

Во Атина пред една недела, охриѓани победија со 31:26 и се во одлична позиција за пласман во полуфиналето во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.

Билетите за салата „Билјанини извори“ се распродадени па сигурно е дека македонскиот претставник ќе има голема поддршка од трибините.

Раководствата на двата клуба во координација со Европската ракометна федерација се договорија да нема гостински навивачи, па така во Охрид ќе нема организирана група од Грција.

Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.

Поврзани вести