Македонската репрезентација вечерва во Вараждин ја забележа првата победа на Светското првенство 2025. Задоволството од победата над Гвинеја (29:20) и пласманот во Главната рунда искажа пивотот Жарко Пешевски.
– Не беше лесно како што покажува резултатот. Сепак, ја израдувавме македонската јавност. Продолжуваме во Главната фаза. Искуството и квалитетот пресудија. Ни следуваат потешки ривали во следната фаза. Австрија, Катар, Франција се извонредно силни. Но, нема откажување. Со голема поддршка од публиката и ако добро се подготвиме можеме до нови победи, изјави Пешевски.
Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, со голема веројатност против Австрија.