Skip to main content

Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска списокот на ракометари за претстојното Светско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

На списокот се најдоа 20 ракометари, сите од домашното првенство, а меѓу повиканите не е ракометарот на Бенфика, Филип Талески, додека голманот Мартин Томовски од Потсдам е резерва.

Селекторот Лазаров се одлучи за Никола Митревски, Марко Кизиќ, Иван Галевски, Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Ненад Костески, Александар Петковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Валентин Карасманакис, Марко Стојковиќ, Никола Маркоски и Михајло Младеновиќ.

Македонската репрезентација в недела ги почнува завршните подготовки за на СП на кое настапот ќе го почне на 15 јануари против Унгарија, по што ќе следуваат дуелите против Холандија и Гвинеја. 

Поврзани вести