Skip to main content

Два гола предност за Охрид на полувремето со Олимпијакос

Екипата на ГРК Охрид води со 14:12 по 30 минути игра во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп со Олимпијакос.

На првата средба во Атина пред една недела, охриѓани победија со 31:26 и сега се во одлична позиција за пласман во полуфиналето во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.

Пред крајот на првото полувреме Охрид имаше и +4 (14:10) и пропушти неколку шанси за повисока предност.

Иванковиќ со пет гола и Филиповиќ со четири одбрани се најдобри во домашниот состав.

Трибините во салата „Билјанини извори“ се исполнети целосно, македонскиот претставник има голема поддршка од трибините. 

Поврзани вести