Skip to main content

Почна исплатата на првиот дел од субвенциите за спортот

Фото: Министерство за спорт

Министерството за спорт информира дека почна исплатата на првиот дел од субвенциите од Владата и Министерството за спорт за поддршка на спортот за 2025 година, во висина од 440 милиони денари.

Средствата се распределени на спортските федерации, спортските клубови, активни спортисти во индивидуалните спортови и други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт (национални спортски федерации со комплексна содржина и спортови со специфичен интерес), согласно Критериумите за распределба на средства утврдени со Законот за спорт.

Вториот дел од државните субвенции за спортот за оваа сезона ќе биде исплатен во август 2025 година.