
Италијанскиот тенисер Јаник Синер одговори на прашањето за кого ќе навива во финалето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Интер.
– Зошто ме ставате во оваа ситуација? Ќе биде одлично доколку победи Интер. Од друга страна со Донарума, голманот на ПСЖ сме пријатели долго време. Тој ќе го има еден од најважните натпревари во неговиот живот. Не сакам да кажам ништо за да не доведам никого во тешка позиција. Се надевам дека ќе биде одличен натпревар, изјави Синер за „RMC Sport“.
Одлучувачкиот натпревар меѓу ПСЖ и Интер во Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај во Минхен на „Алијанц Арена“.
Во полуфиналето на турнирот, францускиот клуб го победи Арсенал (3:1) со вкупен резултат, додека италијанскиот тим ја совлада Барселона (7:6)