Skip to main content

Виница го пречека бронзениот кик-боксер Лука Змејковски

 Виничани синоќа му приредија пречек на кикбоксерот, Лука Змејковски, кој се врати од Европското првенство во Италија со бронзен медал на градите.

Градот Виница и граѓаните  го организираа пречекот на Лука во знак на благодарност и признание за врвните резултати што тој во континуирано ги постигнува на домашната и меѓународната сцена.

Свеченоста се одржа на плоштадот „Ангел Винички“, пред Домот на кулурата „Тошо Арсов“ и општинската зграда.

Лука Змејковски е член на клубот „Лидер“ и македонски репрезентативец. Негов тренер е Дарко Гоцевски.

Тој  е еден од  од најперспективните млади спортисти во Македонија. Лука Змејковски претходно освои сребрен медал на Светското младинско првенство во кик-бокс одржано во Унгарија, државен првак и двократен најуспешен спортис на Виница (2023 и 2024 година).