
Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник Синер, на убедлив начин се пласираше во четвртото коло на Вимблдон, откако попладнево триумфираше над Шпанецот Педро Мартинез со 6-1, 6-3, 6-1.
Следниот противник на Синер ќе биде победникот од дуелот меѓу Бугаринот Григор Димитров и Австриецот Себастијан Офнер.
Во женска конкуренција, шампионката на Вимблдон од 2022 година, Казахстанката Елена Рибакина, го заврши настапот во третото коло, откако претрпе пораз од Клара Таусон од Данска со 7-6 (6), 6-3.
Таусон во следното коло ќе се соочи со поуспешната од пресметката меѓу Ига Швјонтек од Полска и Американката Даниеле Колинс.