Skip to main content

Шевченко прогласен за виновен за мамење

Првостепениот совет на Етичката и дисциплинската комисија на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) донесе едногласна одлука во врска со инцидентот што во октомври лани го предизвика 22-годишниот украински велемајстор Кирил Шевченко, кој беше обвинет за мамење за време отвореното првенство на Шпанија

Шевченко во текот на истрагата признал дека го телефон во тоалетот со намера да пристапи на играта Личес (Lichess), но негираше дека „навистина“ мамел, односно дека неговите постапки не влијаеле на играта.

Комисијата за ферплеј препорача тригодишна суспензија, со една година суспензија, како и отстранување на велемајсторската титула.

Етичката и дисциплинската комисија на ФИДЕ, сепак, ги зеде предвид олеснителните фактори, особено соработката на Шевченко со истрагата, признавањето на престапот и каењето.

ФИДЕ му изрече тригодишна светска забрана за работа со една година условна казна, но нема да му ја одземе титулата велемајстор, водејќи се притоа и од стручната оценка дека нема значајни статистички отстапувања во настапот на Шевченко на овој шампионат во однос на неговиот вообичаен рејтинг

Поврзани вести