Skip to main content

Шахист ги продава фармерките за кои го дисквалификуваа

 Светскиот шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, ги стави на аукција своите фармерки, поради кои беше дисквалификуван од Светското првенство во брз шах во Њујорк во декември 2024 година поради прекршување на правилата за облекување.

По суспензијата, норвешкиот велемајстор изјави дека повеќе нема да учествува на турнирите под покровителство на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). 

Карлсен подоцна се натпреваруваше на Светското првенство во Блиц, откако претседателот на ФИДЕ Аркадиј Дворкович реши да го релаксира кодексот на облекување.

Забранети фармерки“ сега може да бидат ваши. Ги ставам фармерките на аукција. Никогаш не мислев дека ќе напишам вакво нешто. Сите приходи ќе бидат наменети за добротворен фонд, напиша шахистот на својата страница на социјалната мрежа Икс.

Во јануари, Магнус ја подели титулата Светски шампион во Блиц со рускиот шахист Јан Непомнијахчи

Поврзани вести