Skip to main content

Ристовски: Спортистите се нaшите најдобри амбасадори

Во рамките на свечената манифестација „Спортисти на годината 2025“ министерот за спорт, Борко Ристовски, уште еднаш ја потврди поддршката за македонските спортисти од страна на државата.

-Спортистите се нашите најдобри амбасадори. Ветувам дека сите пречки ќе бидат совладани и спортот ќе го ставиме на вистинска патека. Успесите и развојот во овие неполни две години се должат на поддршката од Владата и Министерството за спорт. Напорно продолжуваме да работиме на подобрување на спортската инфраструктура и поддршка за врвниот спорт и најуспешните македонски спортисти. Со измените во законот ја исправивме долгогодишната неправда и им оддадовме признание на нашите најдобри спортисти кои изминатите 20 години ја претставуваа Македонија во Европа и во светот. Тие треба да се пример за 500 наши стипендисти кои вечерва се овде со нас, истакна Ристовски.

Министерот им упати порака на сите наши спортисти, никогаш да не се откажуваат и да веруваат во себе, затоа што, како што рече, тоа е патот до успехот.

На свеченоста во Национална опера и балет – Скопје, присуства и премиерот Христијан Мицкоски, како и голем број гости од јавниот живот.

Поврзани вести