
Еден од најбогатите и најуспешните боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, повторно ја шокираше јавноста со тврдењата дека претрпел огромни финансиски загуби!
Познатиот Американец, кој во текот на кариерата заработи вистинско богатство и го доби прекарот „Money“ (Пари), тврди дека поради луѓе на кои им верувал, наводно останал без дури 550 милиони долари!
Мејведер со години беше синоним за луксуз, скапи автомобили, вили, накит и астрономски заработки од боксерските борби. Сепак, во последните години сè почесто се зборува за неговите деловни проблеми, а сега и самиот изнесе тврдења кои привлекоа големо внимание.
Непоразениот боксер тврди дека изгубил дури 200 милиони долари поради човек кого го сметал за пријател и деловен соработник.
„Тоа е човек кој седеше покрај мене, се преправаше дека ми е пријател и ми помагаше во деловните работи. А потоа ми украде 200 милиони долари“, изјави Мејведер.
Уште 350 милиони долари?! Мејведер ја прозва и телевизиската куќа
Сепак, тука приказната не завршува. Според тврдењата на славниот боксер, преостанатите 350 милиони долари се поврзани со деловните односи и договорот со американската телевизиска куќа „Showtime“.
Мејведер тврди дека парите што требало да му припаднат нему или на неговата промоторска компанија „Mayweather Promotions“ на крајот завршиле на сметката на друго лице. Според неговото објаснување, спорно е на кој начин биле пренасочени парите и кому на крајот му биле исплатени.

Македонски

