Skip to main content

Почна меѓународниот таеквондо турнир „Скопје Опен Рамус 2026 Г1“

Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се одржува меѓународниот спортски настан „Скопје Опен Рамус 2026 Г1“, кој претставува еден од најголемите и најзначајни настани во областа на олимпиското таеквондо во регионот.

На турнирот учествуваат повеќе од 1.000 спортисти од 41 држава, кои се натпреваруваат за вредни олимписки бодови во пресрет на Летни олимписки игри, со што Скопје се позиционира високо на светската спортска мапа.

Градот Скопје, како покровител на настанот, ја потврдува својата заложба за континуирана поддршка на спортот и младите генерации. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна важноста на ваквите настани како двигател на спортскиот развој, промоција на вистинските вредности и афирмација на градот на меѓународно ниво, информираат од Град Скопје.

Организаторите, меѓу кои и градоначалникот на општна Бутел Дарко Костовски, добија признание за нивната посветеност и придонес во унапредување на таеквондото, додека поддршката од премиерот Христијан Мицкоски беше истакната како значаен фактор за развојот на спортот во државата.

Настанот испраќа силна порака за спортски дух, заедништво и меѓународно пријателство, позиционирајќи го Скопје како центар на врвниот спорт.

Поврзани вести