Skip to main content

Отворени пријавите за Скопски маратон 2026

Во полн ек е пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон 2026, најголемиот спортски настан во земјата, а организаторите ги повикуваат сите заинтересирани навреме да се регистрираат и да ги започнат подготовките. Следниот рок за пријавување со поволна котизација е 31 јули, додека маратонот ќе се одржи на 4 октомври годинава.

Како што информираат организаторите, и ова издание на маратонот ќе понуди повеќе дисциплини и можности за учество – маратон, полумаратон, трка на 5 километри „Комерцијална банка“, штафетен маратон „ЕУ за спорт“, Team Building трка за компании, како и традиционалниот детски мини маратон.

Настанот и годинава се очекува да привлече илјадници професионални атлети, рекреативци, спортски клубови, компании и љубители на трчањето од земјава и странство.

Организаторите апелираат заинтересираните да не чекаат до последен момент, туку навреме да ја обезбедат својата регистрација и да започнат со подготовките.

Годинашната порака „#ТрчањетоЌеТеПромени“ ја нагласува суштината на маратонот – трчањето како начин на живот што инспирира, мотивира и ги поместува личните граници.

Секој изминат километар, велат организаторите, претставува победа над сопствените ограничувања и дел од заедништво кое ги слави истрајноста и здравите животни навики.