
Одбојкарките на Јанта Волеј станаа нови шампионки на Македонија откако синоќа во Скопје го совлада Работнички со 3:1 во сетови.
По загубениот прв сет со 14:25, следуваа три добри сегменти за Јанта Волеј за целосен пресврт.
Новиот шампион го предводеа Мери Бошковска со 19 поени, Ива Стојковска со 12, како и Валерија Собол со 11 поени, додека во редовите на Работнички Скопје, Стакхаус и Дикова освоија по 13 поени, додека капитенката Баталаковска имаше 11 поени.
За Јанта Волеј освоениот трофеј е четврти во клупската историја. Последен пат јанта Волеј беше првак на Македонија во 2021 година.