Skip to main content

Норвешка најдобра во машката штафета на Мундијалот во биатлон

Норвешка победи во машката штафета на Светското првенство во биатлон во Ленцерхајде.

Норвешкиот национален тим во состав Ендре Стромсхајм, Тарјеи Бе, Стурла Холм Лагреид, Јоханес Бе 30-те километри ги минаа со време 1:18.18.1 час (0+4)

Второто место сребрените медали ги освоија Французите Емилиен Клод, Фабиен Клод, Ерик Перо, Квентин Фијон-Мајлет со заостанување од 41,9 секунди (0+7).

Третото место го освои Германија во состав Филип Наврат, Данило Ритмулер, Јоханес Кун, Филип Хорн со заостанување од 1,35.9 минута (0+10).