Skip to main content

Лина во 11 часот ќе го дознае противникот во првото коло на Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја и за првпат обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон. Противникот во првото коло ќе биде познат денеска во 11 часот.

Тетовчанката успешно го мина и третото квалификациско коло, откако во Лондон убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за само еден час и 15 минути игра.

Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која се пласирала во главната ждрепка на еден од четирите Грен слем турнири. Најблиску до ваков подвиг беше во 2017 година на Австралија опен, кога беше запрена во последното квалификациско коло.

Поврзани вести