Skip to main content

Илјадници шишиња расфрлани во близина на канти и контејнери: Душегрижници ја оцрнуваат манифестацијата ЕМОФ, никој не нè праша како ни е нам

Како велат, паричката има две страни, па секогаш добро е да ги чуеме и двете. По низа критики за организацијата на ЕМОФ 2025 (Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025) кој за првпат и ја даде шансата на Македонија да биде домаќин, се случија низа инциденти поврзани со спортските дисциплини.

Луѓето се гневни на социјалните мрежи што сме дозволиле младите спортисти вака да ја доживеат нашат земја. Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, спортистите се жалат на недоволнои невкусна  храна, падна парче плафон во гостинска соба кај спортистка од Шпанија, се крепеа улиците наменети за велосипесдката трка, спијат во еден кревет повеќе луѓе, немаат вода за да се истушираат итн.  Спортистите даваа и изјави на медиумите дека забележуваат многу пропусти.

Овие денови прстот е вперен кон ЕМОФ 2025 и организаторите, а тоа се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје.

Игор Јакимовски, познат маратонец и тренер, е дел од организацијата на ЕМОФ. Тој со статус застана во одбрана на организаторите и прашува зошто никој не им се обратил на волонтгерите да ги праша со што тие се соочуваат оваа недела додека трае менифестацијата.

Читав доста овие два три дена како душегрижници низ својата призма на гледиште ја оцрнуваат манифестацијата и пред се Македонија.
Само и само поради споделени информации на спортисти учесници на игрите без да не прашаат нас и нашата страна и вистина од лице место.
Па еве јас ќе ви доловам само еден ден (денешниот) на атлетските борилишта, посебно на стадионот за фрлачки дисциплини.
Цел ден, па и за време на паузата помеѓу утринската и попладневната сесија останав на лице место со еден куп физички, технички и менаџментски обврски со волонтерите.
Денес дефинитивно целата моја енергија ја потрошив за транспортирање на вода од главниот до помошниот терен каде видов неверојатни моменти за гинис и неверување.
Не одморив ни 5 минути, а паузата кога започна сфатив дека морам да продолжам со работа со транспорт на вода и тоа на +43 за да стартува попладневната сесија како што треба – стои во објавата.

Тој ја објаснува и другата старна за којашто никој не зборува, однесувањето на младите спортисти.

Но, што затекнав во 15.00 часот ?
Да се потрошат 5-6 фул палети за се и сешто само не за основната намена на водата е просто неверојатно за спортисти надежи од цела Европа.
Илјадници шишиња расфрлани во радиус од 50тина метра во близина на канти и контениери, потрошени до пола и оставени така да се фрлат безвезе за ние волонтерите и одговорните да ги собираме е навистина срамно и ниско.
На сето тоа цели кеси со мраз од по 4 кг оставени на земја до шишињата кои за 10 минути се топеа на жешкото сонце и беа упропастени и уништени.
И тие како и шишињата со вода доаѓа спортист и си зема цела кеса/неколку кеси со мраз и ја фрла безвезе на земја.
Па уште се жалат дека водата не била ладна.
Па како да биде ладна кога секој петти не ја затвора вратата од фрижидерот кога ќе земе вода или мраз.
Како ?!
Како да се олади водата кога фрижидерот се празни за 20 минути со 300 шишиња вода ?
И што уште не и какви коментари голтаме смирено и трпеливо, молчиме за да угодиме на спортистите…
И тоа пет дена – се вели во објавата на Јакимовски.

Тој тврди дека не треба да се носат заклучоци врз баа на една изјава на спортист, туку да с е погледне целата слика.

Изгинавме со професионален ангажман за достоен репрезент на својата татковина пред спортска Европа.
Е ова не го знаат или се прават дека не го знаат оите оние наши душегрижници кои врз база на изјава на дете ја оцрнуваат Македонија непроверено.
Ништо нас не не прашаа, го читаа на инста малиот херој од северот.
Имал “сукоб” со војниците….
Па гордо го кажува тоа.
Всушност тие културно го спречиле да не земе нешто што не е негово.
Само му укажале, а он сукоб.
А душегрижниците одма МОК резил на државата.
Е мое Македонче, вечна да си 🙏
Од нашите си патиме, не од другите.

Денеска се финалните натпреварувања и завршната церемонија од ЕМОФ 2025. Дали ќе биде Македонија горда како домаќин на оваа манифестација?

Ова е нашата горда младост која е поставена на вистинскиот пат за репрезент на својата Македонија.

Да ја поздравиме македонската јавност од лице место од последниот спортски ден и да им кажеме голема благодарност за почитта и поддршката. Исто така да ги поздравиме и македонските хејтери од климатизираните дневни соби и секако од грчките плажи.Вие хејтајте слободно и лабаво, а ние плус паралелно со ЕМОФ ќе ги гасиме и пожарите за да бидете безгрижни при Вашето враќање од јужните плажи Напиша игор во уште една објава.

Поврзани вести