
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот, Куршумлиска бања 75 откако денеска во мечот од второто коло загуби од Ана Сискова од Чешка со 2:0, по сетови 6:2 и 7:6(2) за 84 минути игра.
Ѓорческа следната седмица ја очекува уште еден турнир во Куршумлиска Бања.
Неуспешен ден во Куршумлиска Бања имаше и македонскиот тенисер Горазд Србљак.

Тој го заврши настапот на ИТФ фјучрсот 15 откако во мечот од првото коло загуби од Шпанецот Карлос Гиларди со 2:0, по сетови 6:4 и 6:3.
Според пријавната листа македонскиот тенисер и следната недела го очекува настап во квалификациите на турнир во овој српски туристички центар.