Skip to main content

Црна Гора ја совлада Грција во дербито на првото коло од Светското првенство во ватерполо

На Светското првенство во спортови на вода што се одржуваат во Сингапур стартуваа и натпреварите на машкиот ватерполо турнир. Во дербито на колото Црна Гора минимално со 10:9 ја совлада селекцијата на Грција. 

На другите натпревари немаше изненадувања, а за одбележување е натпреварот со најмногу голови Шпанија ја совлада Јапонија со 22:16. 

Резултати прво коло: Србија – Јужна Африка 27:3; Канада – САД 9:18; Кина – Хрватска 6:25; Бразил – Сингапур 19:8; Шпанија – Јапонија 22:16, Унгарија – Австралија 18:6; Црна Гора – Грција 10:9 и Романија – Италија 5:17. 

Поврзани вести