
Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва загуби од Полска со 93:66. Ова за Македонија беше трет пораз во групата на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје. Резултат по четвртини: 35:11; 19:20; 24:13 и 15:22.
Почетокот на дуелот им припадна на кадетите на Полска кои стигнаа до висока предност по првите десет минути – 35:11 и им овозможи мирен тек до крајот на натпреварот. Македонскиот тим успеа да ги добие вториот и четвртиот период, но тоа беше премалку за да се ублажи високиот пораз.
Најефикасен во македонскиот тим беше Александар Сотир, кој постигна 12 поени.
Македонија по три натпревари е последна во групата Б. Утре на првенството е слободен ден, а во понеделник противник на Македонија е селекцијата на Босна и Херцеговина.