Skip to main content

Тренерот на Хапоел Тел Авив лут за поразот од Баерн Минхен ги држеше во сала кошаркарите до еден и пол по полноќ

Фрипик

По поразот на домашен терен од Баерн Минхен (64:79) кошаркарите, раководството, стручниот штаб и сопственикот на клубот Хапоел Тел Авив останаа во салата до 1.25 часот по полноќ. Најмногу лут беше главниот тренер Димитрис Итудис. Ова за неговата екипа беше втор последователен пораз во Евролигата.

Тренерот Итудис не се појави ниту на задолжителното интервју по дуелот, како и на прес конференцијата.

По двата пораза во Евролигата, Хапоел не е веќе лидер на табелата и е во групата на екипи кои имаат 16 победи, додека на чело на табелата Фенербахче со 17 победи.

Инаку, во победничката екипа Баерн, Македонецот Нено Димитријевиќ реализираше 11 поени.

Поврзани вести