Skip to main content

КК Пелистер поразен од Реџина во кошаркарската Лига на шампионите

Фејсбук КК Пелистер
Фејсбук КК Пелистер

Македонскиот претставник во кошаркарската Лига на шампионите, Пелистер го заврши настапот во ова натпреварување откако попалднево загуби од италијанскиот тим Реџина со 99:87. Елиминација, сепак, не значи крај на евронастапите бидејќи битолчани ќе продолжат во Европа купот на ФИБА. 

Екипата од Италија и пред почетокот на дуелот важеше за фаворит на натпреварот, а воедно и за екипа која атакува на пласман во Лигата на шампионите.  По двата добри периода Реџина на полувреме водеше со 58:42 и со тоа ја навести победата. 

Најдобар стрелец кај Реџана беше Кван Читам Јуниор со 22 поени, додека кај Пелистер, Кевин Брејси-Дејвис даде 20 поени. Од македонските кошаркари прв стрелец беше Андреј Митревски со 11 поени.   

Поврзани вести