Skip to main content

Алкохолен скандал во литванската кошарка: Претседателот на Јонава приведен со 2,46 промили

Freepik

Скандал ја потресе литванската кошарка откако претседателот на кошаркарскиот клуб Јонава, член на Првата литванска кошаркарска лига (ЛКЛ), Ваидас Вашкевичиус, бил приведен од полицијата поради возење под дејство на алкохол.

Како што објавува специјализираниот портал BasketNews.lt, Вашкевичиус за време на полициска контрола „надувал“ дури 2,46 промили алкохол. Инцидентот се случил на 11 декември 2025 година во градот Јонава, но информацијата стана јавна дури сега, откако беше покрената истрага која може да заврши и со судска постапка.

Ова, сепак, не е прв ваков случај. Напротив, станува збор за втор сериозен инцидент за само година и пол, во кој претседателот на клубот е вмешан поради возење во алкохолизирана состојба.

Во април 2024 година, Вашкевичиус ги игнорирал сообраќајните знаци, влегол во недозволена зона, се судрил со друго возило и избегал од местото на несреќата. Полицијата брзо го идентификувала и при извршениот алко-тест било утврдено дека имал 2,34 промили алкохол во крвта.

Окружниот суд во Каунас тогаш го прогласи за виновен, но Вашкевичиус поднесе жалба, по што случајот беше вратен на повторно судење.