Skip to main content

Женското Европско првенство гледано скоро колку машкото

Групната фаза на Европското првенство (ЕП) во фудбал за жени, која заврши во неделата, донесе рекордна посетеност со речиси половина милион навивачи кои присуствуваа на натпреварите, а 22 од 24 натпревари беа распродадени.

Покрај 461.582 навивачи кои присуствуваа на натпреварите, имаше и неколку индивидуални рекорди на натпреварите, објави УЕФА на официјалниот сајт.

Натпреварот Германија-Данска во Базел привлече 34.165 навивачи, што е најголема посетеност на натпревар од групната фаза на кој не настапил домаќинот на турнирот и најголем број гледачи што присуствувале на натпревар во женски фудбал во Швајцарија.

Повеќе од 17.000 навивачи од Германија на тој натпревар беа најголемиот број гостински приврзаници кои присуствувале на натпревар од ЕП за жени во историјата, додека 34.063 гледачи на натпреварот Швајцарија – Норвешка беа рекордна посетеност за натпревар на женската репрезентација на Швајцарија.

„Ако порано не беше јасно, сега е неоспорно – женскиот фудбал е незапирлив и тука е за да остане“, изјави раководителка на женскиот фудбал на УЕФА Надине Кеслер.

„Ова е повеќе од турнир; Ова е движење, а одзивот од цела Европа и пошироко докажува дека женскиот фудбал постаува нови стандарди“, додаде Кеслер.

Дури и пред почетокот на турнирот, продадени беа повеќе од 600.000 билети, надминувајќи ја бројката од 574.875 билети продадени од Евро 2022 во Англија.

Четвртфиналната фаза на ЕП за фудбалерки во Швајцарија стартува в среда со натпреварот меѓу Норвешка и Италија во Женев