Skip to main content

Захариевски нов тренер на Пелистер

Фото: ФК Пелистер

Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година, објави денес ФК Пелистер.

Педесет и едногодишниот фудбалски стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. 

Захариевски првиот собир во новата фудбалска средина ќе го има на 8 јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија.

Пелистер по 18 кола во ПМФЛ се наоѓа на 7. место со 19 освоени бодови.