Skip to main content

Врати се во Италија ако сакаш да играш во репрезентацијата, му порача Спалети на Киеза

Иднината на крилниот напаѓач на Ливерпул, Федерико Киеза останува под сериозен знак прашалник. Италијанскиот репрезентативец беше донесен на „Енфилд“ од Јувентус во текот на летото, но така и не успеа да се наметне во тимот на Арне Слот, иако го мачеа повреди.

Во последно време се почесто се зборува дека тој би можел да се врати во Серија „А“ веќе во јануари, а селекторот на Италија, Лучијано Спалети го повика да го стори токму тоа.

-Ќе ми биде од користда го имам Киеза под мој надзор за да видам како се развива и како се реинтегрира. Играчите кои имаат класа да се соочат со противник, да го совладаат, а потоа уште еден…нема многу такви во фудбалот. Се надевам дека Киеза ќе оди во тим каде што ќе може да игра поредовно. Сакам да го гледам како тренира и игра постојано, изјави Спалети.

Откако е во Ливерпул, Киеза одигра само 7 натпревари, на кои одигра точно 186 минути, постигна 1 гол и 1 асистенција. Сепак, за италијанската репрезентација има 51 натпревар и 7 голови.