Skip to main content

Винисиус не сака да оди во Саудиска Арабија: Реал е мојот дом

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ги коментираше информациите за интерес за него од Саудиска Арабија. 

-Мојата иднина? Ни јас не знам ништо. Сè уште не сум разговарал со никого. Мислам дека треба да разговарам со претседателот. Се надевам дека ќе можам да останам овде долго време. Реал е мојот дом, изјави Винисиус за „Football Espana“.

Реал Мадрид синоќа го совлада Манчестер сити (3:2) во првиот натпревар од плеј-оф рундата од Лигата на шампионите.

Реваншот ќе се одигра во Мадрид на 19 февруари. Победникот од оваа двомеч ќе игра во 1/8 финалето против Атлетико или Баер Леверкузен. 

Поврзани вести