Skip to main content

Вечерва не пропуштајте го финалето на Конференциската лига

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, пред финалето на Конференциската лига против Челзи истакна дека тимовите имаат еднакви шанси за победа.

– За да победиме, мора да останеме истиот тим каков што бевме цела сезона. Мора да се носиме со емоциите, бидејќи една голема грешка може да го промени текот на целиот натпревар. Се сомневаме во подготвеноста на некои играчи. Ќе видиме дали ќе ги решиме овие проблеми. Потоа ќе одлучиме за составот.
Ние не се гледаме себеси како Давид во битка со Голијат. Веруваме дека имаме исти шанси за победа и од првите минути ќе се обидеме да ја оствариме нашата цел. Тука не се важни буџетите на тимовите. Имаме играчи со големо искуство, ќе бидеме апсолутно сигурни и ќе се обидеме да победиме, изјави Пелегрини за веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот Бетис против Челзи ќе се одигра вечер од 21 часот на арената „Тарчински“ во Вроцла18

Поврзани вести