Skip to main content

Вардар и Беса ремизираа на отворањето на 21 прволигашко коло

Фудбалерите на Вардар и Беса одиграа попладнево нерешено 0-0 во воведниот натпревар од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига.

Со денешното реми, Вардар остана на деветтото место на табелата со 17 бодови, два повеќе од Беса на претпоследното место.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре. Лидерот Шкендија го пречекува Тиквеш, додека второпласираниот Работнички му гостува на третопласираниот Гостивар во дерби на колото.

Силекс е домаќин на актуелниот шампион Струга, фудбалерите на Шкупи пред своите гледачи го пречекуваат Пелистер, додека Брера Струмица ѝ гостува на Воска.