Skip to main content

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате потпиша за Охрид

) – Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид. 

Дваесет и седумгодишниот ракометар игра на позицијата десен бек (202 cm, 108 kg) и ќе го носи дресот со број 23 следната сезона.

– Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања, изјави Мате.

Тој во Охрид доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа настапуваше и за ПСЖ, Киелце и Балатон.

Мате има одлични настапи и еден од носителите на Унгарската репрезентација на сите светски и европски првенства