Skip to main content

Синот Консеисао против таткото Консеисао

) – Новиот тренер на Милан, Серхио Консеиао, на прес-конференцијата пред полуфиналниот дуел од Суперкупот на Италија со Јувентус утре објави дека неговата цел е да го освои трофејот.

– Утре ќе излеземе на победа, но и противникот има таква цел. И Франциско ќе сака да победи. Се надевам дека ние ќе бидеме задоволните по натпреварот, изјави Португалецот кој до неодамна го водеше Порто. 

Тој зборуваше за синот Франциско кој игра како позајмен во Јувентус.

-Им ги пренесов моите идеи на играчите. Двата тима имаат голем квалитет. Утре мора да имаме волја за победа, размислувајќи доволно и за одбраната, додаде Консеиао