Skip to main content

Шкендија вечерва ќе брка победа против првакот на Велс

Фудбалерите на тетовска Шкендија првакот на Македонија денеска го играат реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Ривал им е ТНС од Велс, а на првиот дуел натпреварот заврши без голови 0:0.

– Сега имаме појасна слика за противникот, кој често го менува составот. Но, и тие знаат повеќе за нас. На првиот натпревар игравме по внимателно, но сега сметам дека сме подготвени да одиграме многу подобро. Како и да е мора да бидеме максимално внимателни. Со поддршка на навивачите и максимално ангажирање, верувам ќе направиме резултат и ќе се пласираме во следната рунда, изјави тренерот Јетон Беќири на денешната прес-конференција. 

Натпреварот Шкендија – ТНС се игра денеска на Националната Арена „Тодор Проески“, а почетокот е во 20 часот

Поврзани вести