Skip to main content

Се сеќавате на Погба, се враќа на фудбалот

 Францускиот фудбалер Пол Погба минатото лето потпиша договор со Монако, прв по суспензијата за користење недозволени средства и наскоро се очекува негово враќање на терен. Во периодот додека беше член на Јувентус, Погба доби четиригодишна суспензија, која потоа му беше двојно намалена. Тренерот на Монако Ади Хитер го најави враќањето ан Французинот за следниот месец, по репрезентативната пауза.

Погба за време на суспензијата не тренираше, ниту играше.

Затоа за да биде подготвен за настапи мораше да мине повеќемесечен циклус на подготовки. Враќањето на теренот е секако прифатено со симпатии кај навивачите на Монако.

Но, тренерот Хитер напомена дека нема потреба од брзање со неговото враќање и дека неговата ситуација не може да се спореди со таа на Анси Фати, која се врати по повредата и имаше забележителни настапи. И со враќањето на Погба, тренерот на Монако сака да ја зголеми конкуренцијата во екипата. 

Поврзани вести