
Еден ден откако Барселона го официјализираше продолжувањето на соработката со Ханси Флик, пристигна уште една потврда. Рафиња ќе остане во Барселона до 2028 година!
Еден од најдобрите играчи останува меѓу шампионите. Рафиња потпиша нов договор со Барселона, кој ќе го обврзе до 30 јуни 2028 година.
Рафиња имаше договор до 2027 година, а сега додаде уште една.
-Рафиња потпиша нов договор во присуство на претседателот на клубот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафа Хуста и спортскиот директор Деко, објави Барселона во четврток попладне.
Рафиња се приклучи на Барселона од Лидс во 2022 година за 60 милиони евра, а оваа сезона одигра речиси беспрекорна сезона со клубот.