
Здружението Градски фудбалски клуб или ГФК Победа Прилеп е основач на новиот фудбалски клуб Градски фудбалски клуб или ГФК Победа. Основачи на ова здружение се Робертино Илиоски, како негов претседател и членовите Игор Стеванов, Роберт Талески, Валентин Колевски и Иванчо Младеноски.
Новата фудбалска сезона ГФК Победа ќе ја започне од третата фудбалска лига, а Шеф на стручниот штаб е поранешниот играч на овој клуб, Филип Мирчески.
Поранешниот фудбалер Тони Наумоски ќе биде задолжен за регрутација на младинската екипа, односно пионерите и кадетите.
Клубот ќе фунционира на почетокот преку донации и спонзорства, а понатаму се надеваат и на поголема поддршка од Општина Прилеп,натпреварите ќе се играат на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Првиот натпревар таму ќе биде на 13 септември.
Извор Инфокомпас

Македонски


