Skip to main content

Пресврт на Сан Сиро: Милан го продолжува договорот со голманот Мањан

X / Magic Mike Maignan

Мајк Мењон ќе остане на голот на Милан и ќе потпише нов договор со екипата. Французинот е во последната година од актуелниот договор. И кога се очекуваше од први јануари да почне преговори со други екипи, се случи промена.

Управата на Милан во последен момент успеа да го убеди Мењон да остане во клубот и според новиот договор ќе добива 7 милиони евра годишно и со Леао ќе биде најплатен играч во клубот.

Според „Газета дело спорт“ клучната улога голманот да остане на Сан Сиро ја одиграл Максимилијан Алегри. Инаку, Мењон пред извесен период имаше договорен премин во премиерлигашот Челзи, но клубовите не се договорија колку обесштетувањето. 

Поврзани вести