
Фудбалерот од средниот ред на Сандерленд, Џоб Белингам, одлучи кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд, објави „Билд“.
Според новинарот на „Скај спортс“, Патрик Бергер, трансферната сума ќе биде околу 30 милиони евра.
Деветнаесетгодишниот Џоб е помлад брат на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, кој играше за Борусија од 2020 до 2023 година, по што се пресели во тимот од Мадрид за 113 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Џоб одигра 43 натпревари за Сандерленд во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции и му помогна на тимот да стигне до Премиер лигата.