
Заедницата на навивачи на велшката фудбалска репрезентација, од која голем дел ќебидат во Скопје на мечот со Македонија, преку социјалните мрежи започна кампања за собирање на донации за семејствата на младите жртви од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.
Нашата заедница работи напорно за поддршка на преживеаните и семејствата на младите жртви од пожарот во ноќниот клуб во Македонија неодамна. Gôl Cymru ќе донира во име на Црвениот ѕид. Можете ли да помогнете?“, е пораката која ја испратија до сите свои навивачи првите луѓе на Заедницата на навивачи на велшката репрезентација.
Донациите веќе пристигнуваат преку добротворна организација ГОЛ составена од поддржувачи на велшкиот фудбал, која има за цел да им помогне на сиромашните деца, дома и во странство секогаш кога игра велшкиот национален фудбалски тим. Оваа организација е формирана во 2002 година и веќе имала свои донации во надд 30 сиропиталишта, детски болници и училишта во над 21 земја.
извор/ фото: sportsport.mk