![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/antonio-konte.jpg)
Тренерот на Наполи, Антонио Конте не е загрижен по двата натпревара на неговиот тим без победа.
Наполи синоќа ремизираше со Удинезе (1:1) на натпреварот од 24. коло од италијанското фудбалско првенство.
-Не можам да барам повеќе од момците кои прават нешто извонредно. Во спротивно, ризикувате да го прегреете автомобилот и да го оштетите моторот. Ако некој е разочаран со две нерешени, тоа не е мој проблем, изјави Конте по натпреварот.
Наполитанците во претходното коло ремизираа со Рома (1:1).
По овој натпревар Наполи е на првото место на табелата во Серија А со 55 бодови, додека Удинезе е на 10. место со 30 бодови