
Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, изјави денеска дека ја презема целосната одговорност за поразот од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство.
„На крајот на денот, кога победувате, ја преземате целата слава. Поразите, исто така, се дел од играта. Како капитен, морам да ја преземам целата одговорност и немам проблем со тоа. Сакавме да одиме во финалето. Не успеавме“, рече Мбапе.
Француската репрезентација загини изминатата ноќ во Далас од Шпанија со 0:2 и не успеа трет пат во низа да игра во мундијалско финале.
„Шпанија е тим кој сака да има контрола врз играта и поседот на топката. Им дозволивме да го сторат тоа. Во средниот ред им оставивме премногу простор за игра, а тие, на крајот на краиштата, покажаа дека имаат квалитет. Тешко е кога не успевате да го промените начинот на кој игра Шпанија. Не бевме на потребното ниво за да се пласираме во финалето“, рече Мбапе.
Францускиот капитен, заедно со Лионел Меси, во моментов е најдобар стрелец на овогодишното Светско првенство со осум голови.
Меси вечерва со капитенската лента ќе ја предводи Аргентина во второто полуфинале против Англија, а поразената репрезентација ќе игра против Франција, в сабота во Мајами во натпревар за третото место

Македонски



