Skip to main content

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Манчестер јунајтед загуби со 2:1 од Брајтон во 1/32-финалето на ФА Купот.

На натпреварот одигран на „Олд Трафорд“, гостите поведоа преку Брајан Груда во 12. минута. Дени Велбек го зголеми водството на Брајтон во 64. минута, по асистенцијата на Груда.

Бенџамин Шешко, на асистенција на Бруно Фернандеш, врати еден гол за домаќините кон крајот на натпреварот.

Противникот на Брајтон во следната рунда ќе биде одреден подоцна.

Поврзани вести