Џим Ретклиф проговори за уназадувањето на Манчестер јунајтед во последните години.
– Клубот долго време е во криза, околу десет години. Манчестер јунајтед стана просечен. Не е на елитно ниво, иако треба да биде еден од најдобрите клубови во светот. Така беше под водство на Алекс Фергусон. За да постигнеме елитен статус, мораме да направиме големи промени. Веќе почнаа огромни промени во овој клуб, изјави косопственикот на Манчестер јунајтед во интервју за „United We Stand“.
Вечерва од 18:30 часот Манчестер јунајтед го пречека Нотингем форест и губи со 2-3.