
Ливерпул попладнево го победи Барнли на гостински терен со 1:0 во 4. коло од Премиер лигата.
Домаќините го завршија натпреварот со десет играчи откако Лесли Угочукву доби црвен картон во 84. минута.
Мохамед Салах го постигна победничкиот гол во 90+5-та минута од пенал.
Ливерпул (12 бода) ја оствари својата четврта победа на почетокот од сезоната и се врати на првото место во шампионатот.
Барнли со само три бода е на 17. позиција на табелата