Skip to main content

Kиеза се враќа во Јувентус?

Facebook Federico Chiesa

Јувентус ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го врати од Ливерпул напаѓачот Федерико Киеза, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, торинскиот клуб е заинтересиран за услугите на 28-годишниот крилен напаѓач, но преговорите се во рана фаза. Одлуката ќе зависи од ставот на Ливерпул, како и на самиот Киеза.

Киеза играше за Јувентус од октомври 2020 до август 2024 година, по што му се приклучи на Ливерпул.

Поврзани вести