Skip to main content

Киеза нема да игра за Ливерпул во ЛШ

Facebook Federico Chiesa

Ливерпул го потврди својот состав од 22 играчи за Лигата на шампионите. На списокот го нема напаѓачот Федерико Киеза.

Според „OneFootball“, правилата на УЕФА им дозволуваат на клубовите да регистрираат до 25 играчи, но осум од нив мора да бидат домашни. Поради ова ограничување, Ливерпул можеше да регистрира само 17 странци, а Киеза не е еден од нив.

Ливерпул ќе ја започне својата кампања во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на „Енфилд“ на 17 септември. „Црвените“ потоа ќе играат против Реал Мадрид, ПСВ, Интер, Марсеј и Карабах

Поврзани вести